ДЕБАТИ
Резиме и видеа од остварените дебати и информации за наредните.
Ова е официјалната веб страна на не профитабилна организација која работи во интерес на подобрување на Е-Спортот во Македонија. Наша цел е да допреме до сите гејмери во Македонија кој имаат талент да бидат професионални играчи и за истите да овозможиме услови во нашата држава..
Наша визија е да успееме да ги издвоиме тимовите од Македонија кој би имале шанса да ја претставуваат Македонија на професионалните сцени ширум светот. Оваа визија воедно и мисија не е лесна но исто така и не е неостварлива, бидејќи сметаме дека во Македонија има многу талентирани е-спорт играчи кој би можеле да ја преставуваат Македонија на професионална сцена.
Резиме и видеа од остварените дебати и информации за наредните.
Изработка на документарен видеозапис во врска со е-спорт во Македонија.
Организирање на е-спорт натпреварувања и е-спорт лиги во Македонија и на Балканот.
Изработување на предлог регулатива и спроведувње на истата до највисоките органи.
Како млади луѓе следејќи ги анализите и податоците на брзиот раст на Е-СПОРТОТ во светот сметаме дека како една гранка треба да биде имплементирана според светски стандарди и кај нас во Р.Македонија. Има многу релевантни факти и докази за тоа како е-спортот ја поминал Музичката индустрија, и блиску има достигнат раст до Филмската индустрија.
Ова беше е само еден мал вовед околу е-спортот, многу мал дел од работите кој се случуваа на јавната расправа во собраннието. Сметаме дека има многу повеќе од ова и сакаме преку дебати и поткревање на свеста во Македонија, да се допре до сите играчи што сакаат да играат професионално заедно да се избориме.
Нашиот тим е составен дел од играчи кој претходно играле во е-спорт сцената кој ја следат моменталната состојба на светската сцена и се стремат да ја имплементираат кај нас.