Now loading.
Please wait.

+389 2 3280-919

info@nexus-esport.com

Дали сте подготвени?

ПочетнаНовостиНовостиДали сте подготвени?
ПочетнаНовостиНовостиДали сте подготвени?

Дали сте подготвени?

posted in Новости by Ilija "hawkeyE" Strezovski

Ни преставува голема чест и задоволство да бидете дел од почетокот на нашата организација која се стреми да го подобри е-спортот во Македонија и да го крена на едно повисоко ниво. Како почеток во нашата работа ќе реализираме еден многу обилен но истот така и интересен проект за сите гејмери и гејмерки во Македонија.

 

Проектот се содржи од неколку фази и тоа:

Изработка на документарец.

Секој кој е заинтересиран може да биде дел од документарниот филм кој има за цел да го престави е-спортот во Македонија во неколку фази. Како било порано пред 5 години и негови пропусти, каков е е-спортот денеска и што се треба да се направи да биде доведен до висок професионален степен во Македонија.

Закон за е-спорт ?!?!? :)

Ова е една од работите која ги засега сите гејмери и гејмерки во Македонија. Врз основа на претходна дебата во собранието на Македонија која ние успеавме да ја закажеме но бевме неформална организација во тој момент, чест ни е да кажеме дека по успешната дебата допревме до високите органи и врз основа на таа дебата ќе пишуваме предлог закон во кој пожелно е да учествуваат сите гејмери.

Дебати.

Дебатите главно се за поткревање на свеста во Македонија за тоа што точно преставува е-спорт, до кој степен е развиен кај во светот и како тоа да го спроведеме во Македонија. На истите дебати ќе биде главно и законот кој после пишување на истиот ќе го дадеме во собрание да биде ставен како точка за гласање.

Турнир (:

Оваа точка е исто така многу влијателна бидејќи со организирање на турнир од професионален карактер со многу интеракции за публиката и за тимовите што ќе успеат да се квалификуваат планираме да го кренеме е-спортот на едно високо професионално ниво и да ги поставиме темелите како би требало да изгледа еден таков турнир. И да она што највеќе ги интересира оние кој ќе учествуваат но и оние кој ќе присуствуваат на евентот ќе има награди за сите и за публиката и за учесниците. За наградниот фонд ќе достигне големина од 1400 евра од дисциплина ( игра ) а ќе има две игри и тоа CS:GO и League of Legends.

Се надеваме дека ќе има многу заинтересирани за тоа повеќе на другите делови од нашата страна.

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ!!!!

08 05, 17

about author

 

 

 

 

post a comment

Make sure you enter the (*) required information where indicated. HTML code is not allowed.