
Турнир CS:GO
posted in Counter Strike : GO by Ilija "hawkeyE" Strezovski
Како дел од нашиот проект кој е предвиден да послужи за покревање на свеста за е-спортот во Македонија и доведување на професионален стадиум е исто така организирање на турнирот.
CS:GO ТУРНИР
CS:GO Турнирот ќе биде организиран во три фази и тоа:
Квалификации.
Лига.
Плејоф.
Квалификациите ќе се одвиваат во два турнира кој ќе бидат BО1. Четирите најдобри екипи од првиот и вториот квалификационен турнир ќе се квалификуваат на лигата.
Лигата ќе брои осум тимови и сите тимови ќе играат помеѓу себе. Бодувањето во лигата ќе биде следно, секој тим ќе игра по две утакмици и за две победени тимот ќе добие три бода, за нерешено секој тим добива по еден бод.
Во плејоф ќе се квалификуваат најдобрите четири екипи од лигата и ќе играат на главниот настан ( евент ) на лан турнирот. На лан турнирот ќе се играат BО3 утакмици а финалето ќе се игра BО5.
Награди на турнирот ќе бидат :
Прво место: 1000 евра
Второ место: 300 евра
Трето место: 200 евра
Исто така планирани се интерактивни натпреварувања помеѓу публиката и професионалните играчи и судиите, во кој ќе има награди за публиката доколку успеат да ги победат професионалците.
За повеќе информации околу турнирот има во другите секции на нашата страна.