Now loading.
Please wait.

+389 2 3280-919

info@nexus-esport.com

Станете дел од тимот !!!

ПочетнаНовостиНовостиСтанете дел од тимот !!!
ПочетнаНовостиНовостиСтанете дел од тимот !!!
Станете дел од тимот !!!

Станете дел од тимот !!!

posted in Новости by Ilija "hawkeyE" Strezovski

Почитувани гејмери и гејмерки, нашата организација NEXUS ЕSPORT за да го комплетира тимот има потреба од луѓе со претходно искуство како гејмери или водители/коментатори. 

Бидејќи сакаме да биде турнирот на високо професионално ниво како од организација така и до реализација потребни ни се луѓе од следниве области:

Администратори

Два администратори за CS:GO кој задолжително мора да имаат познавање од сервери за CS:GO и сите потребни команди за администрирање на истите.

Два администратори за League of Legends кој мора задолжително да имаат познавање од администрирање на играта.


Коментатори


Два коментатори за CS:GO кој ја познаваат играта, ја следат на професионално ниво можат да издвојат квалитетна анализа за кратко време и се добри во коментирање на истата.

Два коментатори за League of Legends кој ја познаваат играта ги знаат сите нејзини магии, рунови, мастерис сите слабости и предности на хероите, да бидат во можност за квалитетно коментирање и да можат да вршат брза анализа на истите.

 

Водители

Потребен ни се еден до два водители/водителки кој би го отварале секој пренос на турнирите и би биле компетентни да поставуваат прашања на играчите.


Техничари

Потребни се два техничари кој имаат познавање од ИТ опрема и компјутерски мрежи. 

Судии

Потребни се четири судии на кој претходно ќе им бидат објаснети нашите правила и ќе се водат според нив. 

NEXUS E-SPORT има одредено буџет за хонорари кој ќе бидат исплатени на ангажираните во проектот за секоја позиција различно. 

НАПОМЕНА

Сите заинтересирани за некое од горенаведените позиции задолжително да ја пополнат нашата контакт форма ( Станете дел од тимот ) која се наоѓа во контакт менито. Кандидатите што се заинтересирани ќе бидат контактирани од нашата организација и ќе бидат повикани на проба за да ги видиме нивните квалитети. Сите ќе имаат шанса но само најдобрите ќе можат да бидат дел од тимот.

 

 

16 05, 17

about author

 

 

 

 

post a comment

Make sure you enter the (*) required information where indicated. HTML code is not allowed.