
Информации за Dota 2 турнирот
posted in Dota2 by Ilija "hawkeyE" Strezovski
Почитувани гејмери и гејмерки Организацијата NEXUS E-Sport најавува DOTA2 Championship series.
Форматот на натпреварувањето ке биде поделено во 3 фази.
Прв и втор квалифаер и лига.
Полуфиналистите од првиот и вториот квалифаер ке се пласираат за лигата каде ке има разигрување секој со секој и најдобро пласираните 4 тима ке играат на завршниот турнир на 25/26.11.2017 во Скопје за Пехар и парична награда 1000€ за победникот, 400€ за второ место и 100€ за трето место.
Не се потребни никакви парични средства за пријавување на тим, единствено е потребно играчите што ке играат за тимот да бидат 15+ и да имаат желба и воља за натпреварување и докажување и малку алчност за солидна сума на парични средства. Напомена, тимовите што нема да успеат да се пласираат во првиот квалифаер имаат право повторно да се пријават за вториот.
Датуми за првите квалификации:
Пријавување до 23ти Јули 2017
Почеток на квалификациите ќе биде на 25ти Јули
Датуми за вторите квалификации:
Пријавување до 06ти Август 2017
Почеток на квалификациите ќе биде на 8ми Август
Лигата ќе почне после 2те квалификации т.е средината на Август