
Ви ги преставуваме тимовите што се квалификуваа за NCS S1 CS:GO
posted in Counter Strike : GO by Ilija "hawkeyE" Strezovski
Почитувани гејмери и гејмерки чест ни е да ви ги преставиме тимовите што ќе играат на нашата лига која ќе започне на 27.11.2017.
Тимовите кој се квалификуваа се следните:
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Mischievous | WonderWall | Trazed Gaming | AtroX |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Mischievous White | Mystic | Entity | 6 Sense |
За да не дојде до заблуда тимот 6 Sense е тимот Shkupi5 но не информираа дека се со измени во тимот и дека ќе им биде сменето името.
Лигата ќе се игра во седум недели и секоја екипа ќе игра со својот противник по две мапи. Пред да почне натпреварот ќе се одвива бан и пик фазата. Воедно се замолуваат тимовите да бидат 15 мин пред утакмица онлајн.
Бодувањето на лигата ќе биде следно:
Секој тим игра две мапи со секој противник. Тимот што ќе ги победи двете мапи добива 3 бода. Доколку е нерешено двата тима добиваат по 1 бод.
Лигата започнува на 27.11.2017 и ќе се игра седум недели до 06.02.2018. Сите натпревари се објавени со датум и време на следниов ЛИНК, или на нашата страна во > CS:GO > Nexus CS:GO League
Појаснување зашто лигата почнува толку касно.
Бидејќи нашата организација е невладина организација а општина Центар ни е партнер и покровител според законот кај нас за да не влијаеме на политичкиот резултат проектот мораше да биде стопиран. Ви благодариме на разбирањето.