Now loading.
Please wait.

+389 2 3280-919

info@nexus-esport.com

CS:GO

single image

CS:GO NEXUS ЛИГА

Турнирот се состои од две фази. Прва фаза е квалификации кој ќе се организираат во два турнира од кој осумте најдобри тимови ќе продолжат во наредната фаза.

Втора фаза на турнирот е ЛИГАТА. На лигата ќе играат сите тимови меѓусебно и најдобрите четири тима ќе играат во наредната фаза а тоа е ПЛЕЈОФ. На тој лан евент ќе се натпреваруваат четирите најдобри екипи за прво место и награда од 1000€

Правилник за CS:GO

ПРИЈАВА ЗА КВАЛИФИКАЦИОНИТЕ ТУРНИРИ

NEXUS Qualifier 1-2

На наредниот линк пополнете ги пријавите.

Пополни

Дополнителни работи за тимот

На линкот подоле може да ги пратите потребните работи за тимот како логоа, слики од играчи и config фаилови.

Испрати

Детали за ТУРНИРОТ!

Квалификациониот турнир и лигата ќе се играат без потребно учество. Тимовите што ќе бидат квалификувани на лигата ќе мораат задолжително да достават лого слики од играчите во дрес или сите во иста боја на маица.

Наградата на турнирот ќе биде 60,000 денари за прво место 18,000 денари за второ место и 6,000 денари за трето место. Наградите ќе се префрлаат преку трансакција на сметка на тимот или на капитенот.

Квалификационен турнир 1-2

На квалификациониот турнир се игра Bo1 формат. Четирите најдобри екипи од првиот и четирите од вториот турнир ќе бидат квалификувани на лигата. На вториот квалификационен турнир имаат право да се пријават сите тимови од првиот. Максимален број на пријавени тимови е 128.

Формат на тимот

Тимот се состои од пет играчи, една или две замени и еден менаџер/тренер. Тимовите без пријавени замени нема да имаат право да менуваат во текот на лигата. Тие тимови што ќе побараат додавање на заменски играч ќе добијат санкции. Потребно е тимовите да имаат сопствено лого и да ни се достават слики од играчите на бела позадина со дресови доколку имаат или сите во иста боја на маица.

ЛАН Евент

На лан евентот сите тимови доколку сакаат да користат config фаилови ќе мора да ни ги испратат ние ќе ги вметнеме во играта бидејќи најстрого се забранува играчите сами да местат или подесуваат во конзола и истото ќе следи со санкционирање. In game voice software> организацијата го обезбедува софтверот тимот си обезбедува сопствен сервер. Доколку тимот нема сервер и побара од нас, нашиот Discord е достапен за сите и можат да го користат а ние ќе им обезбедиме приватна соба.

Повеќе околу евентот

Доколку имате било какви недоразбирања околу турнирот можете да не контактирате на е-маил преку нашата контакт форма или да побарате во ЧПП дел од одговорите може да ги пронајдете таму.Исто така можете дирекно да ни поставите прашање на нашиот Discord канал или да разговарате со некој надлежен во каналот Organisation QA.

Забавни содржини на турнирот

Додека трае ЛАН евентот за време на паузите ќе има забавен дел во стилот на професионален тим против судии и публика или судии и публика каде што ќе се доделуваат награди.

НАГРАДЕН ФОНД 1500€

Наши Партнери