1.Главни Правила
- Официјално име на турнирот е "Nexus championship series"
- Nexsus e-sport ги има екслкузивните права за организирање на трунирот и сите авторски и медиумски права.
- Учеството на турнирот и квалификационите турнири е бесплатно.
- За играчите организаторот обезбедува води и сокови.
- Играчите се согласуваат да бидат дел од интерактивната програма на турнирот.
1.1 Градот во кој што ке се одвива турнирот е Скопје, Македонија
- Периодот на одвивање на турниот започнува со квалификационата фаза од 19.06.2017
- Лан евентот започнува од 25.11.2017 до 26.11.2017 во спортска сала на КК. Работнички
2. Учество во турнирот!
- Секој тим составен од пет (5) или повеќе играчи има право на учество доколку ги исполнува сите критериуми на организаторот
- Сите капитени на тимовите се задолжни да ја пополнат апликацијата за пријавување на тимовите
- Минимална возраст на еден играч кој што може да учествува во турнирот е со полни петнаесет (15) години
- Микс тимови од спротивни полови се дозволени доколку ги исполнуваат критериумите на организаторот
- Играчите задолжително мора да си носат своја опрема: маус, тастатура, мауспад и слушалици
3. Наслов на игри!
-Официјални игри кој што nexus ке ги организира се следниве
Active
• League of Legends (Riot Games)
• Counter Strike: Global Offensive (Valve Corporation)
Inactive
• Dota2 (Valve Corporation)
• Hearthstone (Blizzard Entertainment)
- Под Active категоријата спаѓаат игри кој што организаторот ги организира за времетрање на турнирот
- Под Inactive категоријата спаѓаат игри кој што огранизаторот ќе ги организира во некој од следните турнири
4. Match Operation и структура на игра!
- Сите игри и мечови ќе се играат и одвиваат според правилата на игра кој што ги има зададено организаторот "Nexus"
- Nexus си зима на право да ги измени правилата доколку дојде до било каква промена на играта од самиот девелопер на играта
- Team communication software ќе биде воспоставен ( инсталиран ) од страна на организаторот NEXUS.
- Сите играчи задолжително треба да си ја проверат својата опрема пред натпреварот да започне.
- Доколку дојде до некаков технички проблем во текот на мечот, администраторот или судијата ќе согледаат дали рундата треба да се преигра.
- Mаусите и тастатурите на играчите мора да бидат со USB, најстрого се забранува на играчите PS2 interface
опрема.
- На игарчите најсторго им се забранува симнување на било каков софтвер без дозвола од страна на администраторот/судијата.
- Во текот на играта на играчите најстого им се забранува да имаат пуштено било какви апликации, прелистувачи или стримови во позадина.
- Доколку дојде до проблеми со опремата на некој играч во текот на напреварот, а нема заменска опрема истата таа ќе биде заменета од страна на Nexus за да нема закаснување со турнирот.
- Сите играчи настапуваат на натпреварот со свој ознаки ( легитимации ).
- Играчите треба да ни достават свој конфигурациони фајлови (CFGs фајлови) кој ќе бидат претходно проверени и достапни на компјутерите.
- Процесот на бан/пик фаза ќе биде започнат од страна на двата капитени на тимовите со присуство на судија.
4.1 Судии и админстратори
- Во Nexsus тимот ќе има одреден број на судии и администратори кој ќе ја надбљудуваат играта во секое време
- Доколку дојде до било каков проблем во играта играчот е задолжен да го извести судијата навремено
- Доколку судија/администратор увиди било каква неправда во играта (чит,баг и др.) има за право да ја паузира играта
- Судија/админстратор има на право да го опомени усмено играчот доколку увиди дека ги прекршува правилата на игра
- Доколку играчите постојано ги прекршуваат правилата и ќе бидат опоменати три пати од страна на судија/админстратор и ќе бидат отстранети од турнирот.
- Доколку тим увиди дека спротивничкиот тим користи било каква неправда има за право да повика судија/администоратор и да протестира
4.1.1 Тимот мора навремено да ја паузира играта и да повика судија со кревање на рака (лан евент) доколку:
- Дојде до несакано неработење на опремата на играчот
- Дојде до несакано неработење на некој од компјутерите
4.1.2 Судија/администратор може да издаде вербална опомена на играч/тим доколку увиди дека:
- Тимот/играчот игра со недозволен софтвер или хардвер
- Тимот намерно ја паузира и прекинува играта
- Тимиот/играчот не ги почитува одлуките кој што ги има зададено судијата
- Неспортско однесување кон спротивничките играчи
5. Лан евент и спортска сала
- Nexus турнирот ке се одвива во Спортската сала "Работнички" на адреса Градски парк бб, 1000 Скопје
- Влезот за играчите и посетителите организаторот ќе го направи бесплатен
- На играчите ќе им биде доделена пропусница за влез во играчките простории (легитимација), додека на посетителите им е дозвоелен влез само во оделот наменет за гледање
- Секој играч задолжително мора да ја носи својата пропусница (легитимација) за времетрaeње на евентот цело време
- Доколку играч ја заборави или изгуби пропусницата (легитимација) мора навремено да пријави кај организаторот на турнирот или кај судија/админстратор
- Забрането им е на играчите за времетрање на играта додека се на играчките станици да ги користат своите мобилни телефони
- Доколку играч биде забележан од судија дека го користи својот телефон за прелистување за времетрање на игра, судијата има за право да го прекине натпреварот и тимот да биде дисквалификуван
- На играчите им се забранува користење било какви екстерни уреди освен нивната опрема:маус,тастатура,мауспад и маусbungee, слушалици
- Доколку судија/админстратор забележи дека за времетрање на играта има некаков екстерен уред прикачен на компјутерот, има за право да ја прекине утакмицата
- Инсталација на софтвер за маусите/слушалиците преку USB port е дозволено но само со присиство на судија
5.1 Компјутери и играчки станици
- Nexus организаторот ќе се погрижи играчите да играат на најсоодветни станици по пример на светските организации
- Масите на играчките станици ќе бидат 110цм во должина и 65цм во ширина овозможувајки комфорт на играчите
- Соодветни столици за играчите со променувачка висина од 23-30цм
- Соодветни компјутери со максимални перформанси задоволувачки за игрите наменети на турнирот
5.2 Спецификација на компјутерите
Parts----------Details
CPU ----------6th generation Intel Core i7 3Ghz or higher
Main Board-----CPU Home Type
Video Card-----G-Force GTX 970 or higher
Memory DDR4--PC4-1700 8Gb or higher
CD-ROM---------DVD 16X/CD 48X or higher
Storage--------SSD SATA3(6Gb/s)
Power----------600w
- Оперативен систем на компјутерите ќе биде Windows 10 64bit
5.3 Интерактивен дел на турнирот
- Организаторот за време на паузите ќе доделува награди за публиката, оние кој ќе успеат да ги победат професионалците ќе заслужат и награди.
- Организаторот зима за право да ги избере професионалците кој ќе учествуваат во натпреварувањето ( PRO / Viewers ).
-Организаторот го задржува правото на менување на термините на утакмиците.