Now loading.
Please wait.

+389 2 3280-919

info@nexus-esport.com

CS:GO Правила

ПочетнаПравилаCS:GO Правила
ПочетнаПравилаCS:GO Правила

OФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА ЗА CS:GO

csgo rules

 


ОСНОВНИ ПРАВИЛА

Nexus Championship Series нема да дозволи на тим да се квалификува или да игра на нашиот турнир доколку има играч со VAC ban
во нивниот тим.

Доколку било кој тим биде откриен дека игра со играч кој што има или имал VACban на својот профил ке биде дисквалификуван од страна на организаторот.

VAC Ban на било која игра освен Counter-Strike Global Offensive нема да се земе во предвид.

Доколку тимот кој што ги играл online квалификациите со бануван играч или одкако неговиот тим се квалифицирал на лан евентот биде бануван, тимот ке се води како(“banned team”) и ке биде заменет од страна на друг тим и ке им се забрани учество во понатамошните турнири организирани од Nexus.


ПРАВИЛА ЗА ОПРЕМАТА НА ИГРАЧИТЕ

Играчите задолжително мора да си носат своја опрема: маус, тастатура, мауспад и слушалки.

Team communication software ќе биде воспоставен ( инсталиран ) од страна на организаторот NEXUS.

Сите играчи задолжително треба да си ја проверат својата опрема пред натпреварот да започне.

Доколку дојде до некаков технички проблем во текот на мечот, администраторот или судијата ќе согледаат дали рундата треба да се преигра преку matchmedic (E-BOT) системот.

Целосната опрема на играчите ке биде разгледана од страна на админите/судиите пред почетокот на мечот, најстрого се забранува употребата на "Bloody" маусите. Доколку администраторот/судијата забележи дека играчот игра на "Bloody" маус ке биде остранет од турнирот.

Mаусите и тастатурите на играчите мора да бидат со USB, најстрого се забранува на играчите PS2 interface
опрема.

На играчите најсторго им се забранува симнување на било каков софтвер без дозвола од страна на администраторот/судијата.

Во текот на играта на играчите најстого им се забранува да имаат пуштено било какви апликации, прелистувачи или стримови во позадина.

Доколку играчите постојано ги прекршуваат правилата и ќе бидат опоменати три пати од страна на судија/админстратор ќе бидат отстранети од турнирот.

Доколку дојде до проблеми со опремата на некој играч во текот на натпреварот, а нема заменска опрема истата таа ке биде заменета од страна на Nexus за да нема закаснување со турнирот.

Сите играчи настапуваат на напреварот со свој сопсвени ознаки ( легитимации ).

За време на мечот, играчите мора да го користат следниот формат на in-game ознаки : [Ознака на тим] и Надимак. Исто така е и задолжително да се има лого од тимот на стим профилот во кој игра играчот.

Играчите треба да ни достават свој конфигурациони фајлови (CFGs фајлови) кој ќе бидат претходно проверени и достапни на компјутерите.

Процесот на бан/пик фаза ке биде започнат од страна на двата капитени на тимовите со присуство на судија.


GAME SERVER INFORMATION


Штом ќе биде завршена фазата на бан/пик од страна на двата капитени, ќе бидат известени за сервер-порт од страна на администраторите.

Започнување на меч


Двата тимови мора да бидат целосно наместени да бидат пуштени на серверот 10 минути одкако ќе им биде доделена адресата на серверот.

Тимовите ќе добијат администраторска дозвола за мечот да започне одкако ќе бидат спремни кастерите на евентот.

Играчите/Тимовите што ќе бидат дисквалификувани пред самиот почеток на мечот нема да имаат право да го изиграат тој меч.

Играчите/Тимовите што се дисквалификувани во текот на самиот меч мора да се исклучат одма од серверот во спротивно ќе бидат банирани, а мечот ќе биде прекинат.

Играчите/Тимовите што се дисквалификувани нема да имаат право да добијат никакви бенефиции од страна на организаторот (награда),истите тие Играчи/Тимови исто така ќе добијат и забрана за учество во понатамошните турнири организирани од страна на Nexus

Сите играчи/тренери ќе добијат своја сопствена легитимација која ќе мора да ја носат на себе цело време во текот на турнирот.

Сите тимови мора да имаат најмалце четири (4) играчи присутни за да започне наптреварот. Тимот ке биде дисквалификуван а играта
прекината доколку нема четири (4) играчи присутни пет (5) минути пред мечот да започне во регуларно време.

Доколку во текот на мечот дојде до техничка пауза, игрчот може да побара од судијата да ја напушти својата играчка станица, а судијата ке му одреди
временски период, доколку играчот не е вратен на својата станица во тој одреден период, судијата има право да го дисквалификува тимот.

Доколку играчите забележат некакви неправилности од страна на своите противници може да го известат судијата за тие неправилости но пред да биде започната нова рунда.

На тренерите најсторго им е забрането да ја напуштаат нивната станица во текот на натпреварот, но смеат да ја напуштат за време на полувремето од натпреварот.

Сите играчи кој што играат и (тренерот/менаџерот) смеат да биде на бина во текот на натперварот.

Nexus огранизацијата си зима за право да ги користи логоата на тимовите, сликите од играчите и видеа за сопствена цел, стримот, бински материјал и телевизиска поврзаност на организаторот.

Тимовите се нафаќаат да бидат достапни за сликање со присутните на евентот и во периодот кога не играат се нафаќаат да бидат сликани за потребите на организацијата се со цел да се направи документарен филм во врска со тековните случувања во е-спортот, минатото и што треба кај нас да се додаде промени.


ФОРМАТ НА ИГРА


1.1    Форматот на тимот се состои од 5-играчи и 1 замена + Тренер ( Coach )

2.1    Онлајн Квалификации

2.2    Лига

2.3    Лан евент

2.1-1 Онлајн фаза:

         – Максимален дозволен број на тимови 128 од квалифационен турнир
         – Ќе бидат организирани два (2) квалификациони онлајн турнири
         – Формат best of 1 (Bo1) се играат сите утакмици вклучуваќи го и финалето
         – 1-во, 2-ро,3-то и 4-то место од секој квалификационен турнир продолжува понатаму во NEXUS лигата


2.2-1 Лига:

         – Тимовите се во една група и се натпреваруваат секој со секого
         – Се играат по две утакмици, за кој се добиваат бодови.
         – Тимот што ќе ги победи двете утакмици добива 3 бода, доколку одиграат нерешено двата тима добиваат по еден бод.
         – Најдобрите четири екипи од лигата ќе играат во плејоф на лан евентот

2.3-1 Лан евент:

         – Учествуваат четири тимови кој се квалификувани од лигата.
         – Утакмиците на плејофот се играат Bo3 формат
         – Финалето се игра Bo5 формат
         – На ланот ќе играат:

           А1 (првопласираниот ) vs А4 (четвртиот од лигата)
           А2 (второпласираниот) vs А3 (трето пласираниот тим од лигата ) 

3.1   Победник на меч 


Тимовите менуваат страна после 15 рунди. Тимот победува кога ќе освои 16 рунди

Доколку, одпосле 30 рунди, двата тимови имаат по 15 рунди, се одигрувааат продоженија од 6 рунди страни се менуваат после 3 рунди
Тимот што ке освои 4 рунди во продложението го освојува мечот.


4.1. Листа на мапи
     
     – de_inferno

     – de_cache
     – de_mirage
     – de_train
     – de_overpass
     – de_nuke
     – de_cobblestone

5.1. Pедослед на veto процес (Best of 1 Matches)

– Тимот што ќе го започне veto процесот се одлучува со фрлање на паричка.

• Тим B банира прва мапа;

• Тим A банира трета мапа;
• Тим B банира четврта мапа;
• Тим A банира пета мапа;
• Тим B банира шеста мапа.
• Последната мапа што останува се игра.

– Почетната страна се одлучува со нож рунда.

6.1. Редослед на veto процес (Best of 3 Matches)

– Тимот што ќе го започне veto процесот се одлучува со фрлање на паричка.

• Тим A банира прва мапа;
• Тим B банира втора мапа;
• Тим A одбира прва мапа а вториот тим ја бира започнувачката страна
• Тим B одбира втора мапа а вториот тим ја бира започнувачката страна;
• Тим A банира трета мапа;
• Тим B банира четврта мапа;
• Останатата мапа се игра доколку дојде до нерешен реултат од 1-1 во мапи.

– Почетната страна се одлучува со нож рунда.

СЕРВЕР ПОДЕСУВАЊА


1. Сетинзи кој што се користат за време на warmup

    – mp_warmuptime 3600
    – sv_voiceenable 0

2. Сетинзи кој што се користат за време на мeчот

    – mp_startmoney 800
    – mp_roundtime 1.9167 (1:55 min)
    – mp_roundtime_defuse 1.9167 (1:55 min)
    – mp_freezetime 20
    – mp_buytime 20
    – mp_forcecamera 1
    – mp_maxrounds 30
    – mp_c4timer 40
    – mp_round_restart_delay 5
    – sv_pausable 1
    – sv_voiceenable 1
    – sv_damage_print_enable 0
    – ammo_grenade_limit_default 1
    – ammo_grenade_limit_flashbang 2 
    – ammo_grenade_limit_total 4
    – mp_weapons_allow_zeus 0
    – Death cam interval = 2 seconds

3. Подесувањата што се користат за време на продолжение:

    – mp_maxrounds 6 
    – mp_startmoney 10000


ПРАВИЛА И ПРОПИСИ ЗА МЕЧ


Забрането користење на било какви скрипти (вклучувајки ја и jump-throw скриптата со +bind);.

Забрането користење багови во играта кој што му помагаат на играчот да дојде до одредена предност против противникот (на пр. spawn bugs, pixel boost итн.);.

Забрането е поставување на C4 каде што не може да биде дефјузирана од страна на Противникот.


Boosting со помош на соиграч е дозволено, но е забрането на места каде тексутрите, зидовите, подлогата ќе стане транспарентна и ќе може да дојде до неферска предност врз противникот.


Забрането стоење на невидливи делови од мапата (“pixelwalking“);.


Користејки било каков overlay систем што омозмжува зголемување на перформасните додека трае играта (на пр. Nvidia SLI Display, RivaTuner Overlays,);.

1.1 Тактичка пауза

   – На секој тим му е дозволено една тактичка пауза по мапа;
   – Тимскиот капитен мора да специфицира на админот дека паузата што ја побарува е тактичка;
   – Тактичката пауза има времетрање од 3 минути ;
   – На играчите не ми е дозволено да стануваат за времетраење на тактичка пауза и да ги острануваат нивните слушалки

1.2 Што доколку VAC Authentication Errors/PC Crashes/Technical Issues се појават во време на меч?!?

Доколку кај играчот се појави VAC Authentication Error/PC crash/technical issues во првите 40 од започнатата рунда и нема никаков примен damage рундата ќе биде изиграна од почеток.

Доколку кај играчот се појави VAC Authentication Error/PC crash/technical issue доколку има примено damage било кој од играчите и има поминато 40 секунди (или повеќе) рундата ќе си продолжи нормално се додека не биде ставена пауза.

Доколку кај играчот се појават повеќе VAC Authentication Errors, неговиот Компјутер/Steam account ќе бидат заменети со друг.

1.3 Технички паузи

Доколку дојде до технички проблем, играчите мора да ја корситат (.pause) командата за да се активира пауза во почетокот на следната рунда
Администраторот ќе биде повикан да се провери за каков проблем се работи.

1.4  Пауза помеѓу мапи

    – Паузата помеѓу мапи се содржи од 10 минути.

    – Доколку паузата се продолжи повеќе од 10 минути, играчите ќе бидат информирани од страна на администраторот.


ЗАБРАНЕТО ОДНЕСУВАЊЕ

1. Доколку играчот се однесува некоректно и не ги почитува правилата на турнирот, администраторот или судијата на турнирот може да донесе одлука да му даде вербална опомена на играчот или да го острани од евентот.

2. Доколку тимот користи било каков exploit да дојде до не-фер предност во однос на нивните противници судијата има право да нареди рундата да се преигра.

3. Играчите доколку користат било каков cheat систем ке бидат дисквалификувани од страна да администраторот/судијата и ќе добијат забрана да учествуваат во понатамошни турнири организирани од Nexus.