Now loading.
Please wait.

+389 2 3280-919

info@nexus-esport.com

LoL Правила

ПочетнаПравилаLoL Правила
ПочетнаПравилаLoL Правила

OФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА ЗА LoL

csgo rules

 

 

LoL Правила


1 Тимови 

-Еден тим може да игра на турнирот ако тој тим ги исполнува сите услови наведени на страницата за зачленување на Nexus,тоа треба да се состои од 5 legit играчи, кои сите треба да бидат регистрирани со профил тим пред самиот почеток на турнирот.
-Секој играч треба да има активен gameaccount на соодветниот сервер, во случај на администраторите да побараат од тимот да го ажурира gameaccount на играчот, доколку барањето играчот го одбие тоа може да доведе до дисквалификација на тимот.
-Употреба на несоодветни играчи ќе резултира со тимот казна во зависност од делот на казнени поени.

2.Име на Пачот

-Nexsus турниот за играта League of Legends ке се игра на 7.10
-За онлајн делот од турнирот пачот ке остане 7.10 доколку нема промени од Riot Games

3.Учество за турнирот

-Сите играчи кој што ке се пријават на официјалната страна на Nexsus организацијата имаат право на учество


4.Формат на игра 

-Форматот на играта се состои од

4.1 Играчки модел ( онлајн и лан )

-Сите мечови на Nexus тунирот мора да се играат на Europe Nordic & East сервери или према потребата на Tournament Realm.
-Сите мечови на турнирот организиран од страна на Nexus се со соработка со Riot Games,доколку дојде во случај да нема tournament code игрите
ке бидат играни во custom game mode:Summoner’s Rift 5on5 - Tournament Draft

4.2 Правила на мечови и припрема за игра

-Секоја екипа, односно игрчите имаат 15 минути да се појават спремни пред почетокот на натпреварот спремни за меч, во случај да нема дојдено некој од играчите Nexus администраторот има право да одлучи дали тој меч ке се преигра или ке биде доделена победата на противникот
-Во онлајн фазата на турнирот се замолуваат играчите предходно да ги имаат решено било какви проблеми со нивната конекција, или хардвверски
проблеми за да не дојде до непосакувано прекинување на мечот
-Промена на заменски играчи за време на бан-пик фазата не е дозволено доколку тимовите не се договорат меѓусебно
-Во формат на best of three (BO3) е дозволено менување на играч доколку не е во можност да игра, тимот мора да претходно да пријави дека ке игра со заменски играч кај судијата/администраторот и кај противничкиот тим


4.3 Преигрување на мечови 

-За да се преигра еден меч мора да се сложат двата тима претходно, и да има валидна причина за преигрување на тој меч (технички проблем,интернет конекција)
-Повторно преигран меч мора да има преигра со истите шампиони и summoner спелови

5.Конфигурација на мечовите ( лан )

-Со присуство на судија и фрлање на паричка се одредуваат страните на тимовите ‘Selection Priority’.Тимот на кој што ке му се падне паричката на страната (глава) има право прв да бира на која страна ке започнува ( Плава или Црвена боја ), во вториот меч страните се менуваат

5.1 Банови и пикови

-Тренерот има за право да биде со неговите играчи додека се фрла паричката и да бира банови и пикови 
-Бановите и пиковите одат според овој формат:

Плав тим = А, Црвен тим = B 

Бановите следуваат вака: ABABAB
Пиковите следуваат вака: ABBAABBAAB

-Доколку партиите се играат на главната бина,тренерите мора да бидат на соодветната станица и најстрого им се забранува шетање по бина за време на бан-пик фаза
-Доколку партиите се играат во tournament оделот, на тренерите најсторго им се забранува за време на бан-пик фазата да идат позади станиците на противничкиот тим


5.2 Структура на мечовите 

- Формат на играта:Classic Draft
- All chat: Disable 
- Map: Summoner’s Rift
- Broadcasting & Observing
- Runes, Masteries, Summoner spells, Skins: Се е дозволено
- Бројот на играчите за играта да започне мора да биде пет против пет (5 vs 5), доколку тимот има четири (4) играчи или три (3) играта нема да започне
- Доколку дојде до непосакувано исклучување на играч од играта додека трае бан-пик фазата, играчот мора да се врати играта пред да започне, доколку не се врати до тој период играта се паузира
- Забрането е паузирање на играта во времетрање на бан-пик фазата
- Доколку при време на игра дојде до пауза, секој тим има десет (10) минути пауза, доколку играчот не е во можност да се приклучи во тој временски рок администраторот/судијата имаат за право да ја продолжат паузата
- Злоупотреба на пауза за било каква причина од еден тим администраторот/судијата имаат за право да го дисквалификуваат тој тим


6. Акаунти и Надимаци

- Сите тимови имаат право на пет (5) активни играчи плус една (1) замена, и доколку имаат тренер, тренерите немаат право да фигурираат како играчи 
- Сите натпреварувачи кој што играат на турнирот мора да играат со нивните карти за идентификација претходно дадени од страна на организаторот.
- За време на мечот, играчите мора да го користат следниот формат на in-game ознаки : [Ознака на тим] и Надимак. 
- На играчите најсторго им се забранува симнување на било каков софтвер без дозвола од страна на администраторот/судијата.
- Во текот на играта на играчите најстрого им се забранува да имаат пуштено било какви апликации, прелистувачи или стримови во позадина.
- Доколку играчите постојано ги прекршуваат правилата и ќе бидат опоменати три пати од страна на судија/админстратор ке бидат отстранети од турнирот.
- Доколку дојде до проблеми со опремата на некој играч во текот на натпреварот, а нема заменска опрема истата таа ќе биде заменета од страна на Nexus за да нема закаснување со турнирот.
- Сите играчи на Nexus турнирот мораат да имаат соодветен и личен профил (Summoner Name) и претходно одбран сервер, доколку играчите имаат непостоечки,стар или погрешен (Summoner Name) можат да бидат опоменати од страна на администратор/судија


6.1 Voice и чет програми 

-Team communication software на лан евентот ќе биде воспоставен ( инсталиран ) од страна на организаторот NEXUS. Тимот си користи свој сервери но доколку нема сервер за комуникација организаторот дава на користење негов сервер и посебна соба на истиот за тој тим.

7. Placeholders

- Секој тим има дозволен од 2 Placeholders за време траење во бан фазата на натпреварот. Доколку тимот има потреба од Placeholder мора да им каже на администраторите на турнирот и противничкиот тим пред да го заклучи како избор. Placeholders се користат во случај играчот што треба да избере и заклучи champion го нема на својот account.

За Placeholders се користат исклучително champions кој не се играат или не би ги избрал противничкиот тим како (  himer, teemo, итн. ) Доколку противникот не е информиран а противникот заклучил Placeholder, можно е да следуваат санкции и тимот да биде принуден да го игра тој херој

Откако ќе биде кажано на администраторите и противничкиот тим и заврши бан фазата се прекинува и се бираат одново истите херои и се заменува Placeholder со саканиот херој.